Македонскиот режисер Зоран Петровски победник во шестата сезона на бугарското реално шоу Surviver
Македонскиот режисер Зоран Петровски е победник во шестата сезона на бугарското реално шоу Surviver: Скриениот идол, што се емитува на бугарската телевизија БТВ.
Петровски е познат во Бугарија и како дел од мега серијалот „Под прикритие“ каде што ја сретна неговата сопруга бугарската глумица Силвија Петкова.
Зоран Петровски ја доби големата награда во висина од 150 000 лева.
„Чувството од победата е страотно. На Филипините се внесов целосно во местото, природата и играта. Бев вистински од почетокот до крајот на играта“, истакна Зоран по победата во Surviver.
