| |

ФОКУС: ТРАЈКОВСКИ ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЈАНЕВА ОД СЛУЧАЈОТ „ТНТ“, ПОРАДИ СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

На денешното судско рочиште за случајот „ТНТ“, поранешниот градоначалник на Гази Баба, обвинетиот Тони Трајковски, побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е застапник на обвинението.

Трајковски појасни дека се сомневаат за поврзаност на директорот на фирмата „Дрим билдинг“, Адриан Амзоски, кој бил инвеститор во зградата „Космос“, со случајот „Рекет“, потенцирајќи дека обвинението против Амзоски за „ТНТ“ било повлечено, јавува Фокус.

-Среде постапка Катица Јанева го повлече обвинението против Амзоски, рече Трајковски кој додаде дека фирмата „Дрим билдинг“ има уплатено над 16 милиони денари на организацијата „Меѓународен сојуз“, каде претседател е Бојан Јовановски.



Слични Објави