ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА СЕ „ПОФАЛИ“ ДЕКА ЗА ЕДНА ГОДИНА ИНКАСИРАЛО 23, 5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПАТАРИНИ

Јавното претпријатие за државни патишта од почетокот на годинава, па заклучно со јули, од наплата на патарина остварило приходи во износ од 1.434.012.792 денари (23,5 милиони евра) или за 3,97 проценти повеќе во однос на истиот период лани, јавува Плусинфо.

Сите 10 наплатни станици годинава остваруваат раст во споредба со ланската година, но според остварениот приход предничат патарината Романовце (198.560.050 денари), Сопот (171.585.190 денари) и Отовица (166.035.843  денари), изјавија за МИА од ЈПДП.

Проекциите на ЈПДП се континуирано зголемување на приходите до крајот на годинава, со тоа што, како што велат, 2019 година ќе биде рекордна во остварување на приходи од 32-годишното постоење на наплатните станици.