КУЧИЊА СКИТНИЦИ КАСНАА МАЖ ВО ЦЕНТАР И ЖЕНА ВО ГАЗИ БАБА

На 14.08.2019 во 17,30 часот во Полициската станица Центар Ж.Б.(49) од Скопје пријави дека на Кеј “13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 14.08.2019 година во 10,30 часот во Полициската станица Гази Баба С.Ѓ.(34) од Скопје пријавила дека на улицата “Јани Лукроски“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.