ЛЕКАРКА 8 ГОДИНИ БАРА РАБОТА А МАКЕДОНИЈА ИМА НЕДОСТИГ НА ДОКТОРИ

Сања Ѓоревски од Струга осум години бара работа како лекар и никаде не ја примаат. Оваа 34 годишна лекарка од 2011 година до сега се пријавувала за работа на сите конкурси( вкупно осум во Струга и Охрид), но секаде била одбиена без никакво образложение, објавува НОВА ТВ во авторски материјал на Менче Точи.

Сања раскажува пред НОВА ТВ дека барала работа на 8 конкурси, од кои 3 во Општата болница во Струга, 1 во Заводот за нефрологија, 2 конкурси во Општата болница во Охрид и 2 во здравствениот дом во Струга. Таа вели дека од секаде била одбиена без никакво образложение.

„Не можам да се вработам, затоа што не сум член на политичка партија“, вели Сања Ѓоревски. Целата сторија прочитајте ја овде.