| |

Во Софија се одбележуваат 131 г. од формирањето на Воено-медицинската академија

Во Софиja се одбележуваат 131 г. од формирањето на една од најугледните болници во Бугарија- Воено-медицинската академија (ВМА). Програмата на свеченото чествување вклучува полагање венци пред споменикот на загинатите медицински службеници пред зградата на ВМА и свечена седница во кино салата на ВМА.

На настанот се поканети да присуствуваат претставници на Претседателството на Република Бугарија, Народното собрание, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Фондот за здравство, Бугарската лекарска комора, Бугарскиот црвен крст, градот Софија, синдикални организации, пратеници, претставници на болници и воени структури и други официјални гости.



Слични Објави