| |

ОБВИНЕНИЕ ЗА НЕДОЗВОЛЕНО ПОСЕДУВАЊЕ ПИШТОЛ И КУРШУМИ

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Според ОЈО, при претрес на домот на обвинетиот 34-годишник во селото Рашче на 17 март се пронајдени полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 милиметри и 25 куршуми од тој калибар. Оружјето и муницијата му биле одземени.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, за кое се уште постојат околностите кои упатуваат на опасност од бегство и можност да го повтори делото.​​



Слични Објави