|

Годинава набавени за 50% повеќе вакцини против грип, вакцинацијата ќе почне на средина на октомври

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во рамки на посетата во Њујорк, оствари средба со претставници на Работната група за глобално здравје претставена од директорот на Партнерството за меѓународни иницијативи за вакцини (PIVI) Џозеф Брези и директорот за комуникации и развој Аманда Болстер.

Министерот Меџити се заблагодари за досегашната соработка, истакнувајќи го значењето на обезбедената помош и подршка за оваа година со 15 000 дози Инфлуенца вакцини. Беа разгледани актуелните предизвици и приоритети со цел унапредување на здравствените услуги, за што претставниците на PIVI изразија подготвеност за поддршка.

Соработката со PIVI започнува од 2018/19 година со лансирање на кампањата за бесплатна вакцинација на лица над 65 години за Инфлуенца. Следни чекори кои ни претстојат во склоп на оваа соработка е развој на Национална програма за Инфлуенца вакцинација, зголемување на бројот на вакцинирани кои спаѓаат во ризичните групи, развој на комуникациска стратегија наменета да ги таргетира овие ризични групи и зголемување на свесноста на популацијата и здравствените работници за Вакцинацијата против Инфлуенца.

Министерството за здравство годинава набави за 50% поголема количина вакцини против сезонски грип и вакцинацијата почнува во средина на октомври.



Слични Објави