| |

БПЦ: ЌЕ НАПРАВИМЕ СÈ ЗА ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ БРАЌА ОД МАКЕДОНИЈА

Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во соопштението на Светиот синод на Бугарската патријаршија по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија. Во соопштението се вели дека историските судбини на земјите во кои живееме во регионот денеска се различни во споредба со минатитие државни и црковни реалности. Различни општествено-политички процеси низ годините доведоа до формирање нови држави и нови помесни православни цркви, пренесува бугарската информативна агенција БГНЕС.

Во тркстот се додава дека дел од проблемот за статусот на Православната црква во Република Македонија е и прашањето за историската судбина на Бугарската Охридска архиепископија која постоела во минатото.

„Истовремено, во врска со одбивањето на БПЦ да учествува на прославата што се одржа на 27 и 28 мај во Охрид, кдо БПЦ беа упатени незаслужени критики, дурии обвинувања за предавство, кои, независно дали биле резултат на неразбирање, донесоа неопотребна горчина за целата наша Црква”, стои во посланието на БПЦ, потпишано од патријархот Неофит и од останатите митрополити на БПЦ-Бугарска патријаршија.

Целосниот став на БПЦ можете да го прочитате овде.

Слични Објави