За 6 јуни во повеќе грчки градови се најавени нови протести против преговорите за името на нашата земја. Овој пат и покрај тоа што организаторите се истите од минатите протести, не се предвидени демонстрации во најголемите грчки градови Атина и Солун. Организаторите велат дека бараат од грчките власти да ја почитуваат волјата на народот, кој не сака било каква отстапка за името Македонија. Потсетуваме дека во јануари и февруари оваа година во Солун и Атина се одржаа големи протести со пораката „Македонија е грчка“.