Човекот кој меѓу првите му се спротивстави на режимот на Груевски и си поднесе оставка како шеф на Агенцијата за спречување перење пари, со јасна аргументација дека не сака да учествува во криминалиите на тогашната власт (потег за кој плати и солидна цена, по затвори и притвори) и застана зад промените, што требаше да дојдат по заминувањето на поранешната владејачка врхушка, денеска се огласи со први критики кон министерот за финансии Драган Тевдовски. Неговото здружение „Зелена лупа“ по девети пат е одбиено од страна на министерството за својот проект за пробација. Се поставува прашањето: Дали здружението на Цветанов е неподобно и за новата власт?