| |

Пентагон му даде зелено светло на Белата куќа за испорака на ракети „Томахок“ на Украина

Пентагон ја одобри можноста САД да ѝ достават на Украина ракети „Томахоук“, откако беше проценето дека тоа нема негативно да влијае врз американските воени резерви, јавува „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на тројца американски и европски претставници запознаени со прашањето, пренесува БГНЕС.

Според изворите, конечната политичка одлука сега е во рацете на претседателот Доналд Трамп.

Овој месец, за време на работен ручек во Белата куќа со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Трамп изјави дека „преферира да не ги испорача ракетите“, бидејќи „не сакаме да се разделуваме со нешта што ни се потребни за да ја заштитиме нашата земја“.

Обединетиот генералштаб ја доставил својата проценка до Белата куќа пред средбата, во момент кога Зеленски инсистирал Украина да добие ракети со кои би можела поефикасно да ги погодува нафтените и енергетските постројки длабоко во Русија.

Ракетите „Томахок“ имаат дострел од околу 1.600 километри и би претставувале значително зголемување на офанзивните способности на Украина во тековниот конфликт.



Слични Објави