Рилскиот манастир во современ текст го реобјавува првиот опис на својата историја пишувана од Неофит Рилски
Братството од Рилскиот манастир во современ текст го реобјавува првиот опис од историјата на манастирот. Автор историскиот текст е отец Неофит Рилски (1793-1881). Изданието за прв пат е отпечатено во 1879 година во Софија, велат од Рилскиот манастир.
Годинава славиме 230 години од раѓањето на Неофит Рилски – свештеник, учител, педагог, писател и просветител од времето на бугарската Преродба.
Книгата со наслов „Опис на бугарскиот Рилски манастир“ длабински ја прикажува историјата на манастирот од неговото основање во Х век, од првиот доселеник на Рилската пустина – светецот Јован Рилски Чудотворец, па сè до времето кога таму живеел отецот Неофит Рилски. „Описот“ е најсигурното сведоштво за историјата на Рилскиот манастир од овој период, коментираат издавачите.
Според нив, осовременувањето на текстот ја зачувува автентичноста на духот и бојата на јазикот на јеромонах Неофит Рилски. Авторот го претставува целиот манастирски комплекс, соседните имоти на манастирот, го опишува секојдневниот живот на монасите, литургиското владеење и ред во манастирот.
Книгата има тврди корици и 334 страници, од кои последните 72 содржат уметнички фотографии поврзани со животот и делото на отец Неофит. Ова издание за првпат дава можност „богољубивите и семудрите читатели“ да ја запознаат и доживеат историјата на ова „светилиште на бугарскиот народ“, додаваат од Рилскиот манастир.