Марија Габриел утре ќе ја отвори Годишната конференција на шефовите на дипломатските претставништва на Бугарија во странство
Утре во 9:00 часот, во резиденцијата Бојана, вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел ќе ја отвори Годишната конференција на министерот за надворешни работи со шефовите на дипломатските мисии на Република Бугарија во странство, јавува МНР на Бугарија.
Конференцијата е насловена „Бугарија во мултиполарниот свет: предизвици, приоритети, решенија“.
На настанот ќе учествуваат вонредните и ополномоштените амбасадори, постојаните претставници во меѓународните организации и генералните конзули на Република Бугарија, како и претставници на извршната власт – министри и заменици министри.
Темите за кои ќе се разговара ќе вклучуваат: безбедност и одбрана, владеење на правото и пристапување на Бугарија во Шенген, соработка во областа на иновациите и пристапувањето на Бугарија во Еврозоната и ОЕСР.
Ќе се разговара и за можностите за културна дипломатија, соработката во областа на образованието, работата со бугарските заедници во странство и актуелни прашања за бугарската дипломатска служба.
Присутните ќе бидат поздравени од претседателот Румен Радев и премиерот академик Николај Денков.