| |

(ВИДЕО) Заев: Коридор број 8 е приоритет, ќе го решиме спорот за името

Овде сум во Софија за да го споделам големото пријателство со Бугарија по потпишувањето на Договорот за пријателство. Република Македонија докажува сериозно лидерство на патот на евроинтеграцијата на Западен Балкан, кои се подготвени да бидат дел од ЕУ. Тоа го изјави македонскиот премиер Зоран Заев во Софија.

Премиерите од Западен Балкан многу ги цениме напорите на бугарската влада и претседателството за Западен Балкан, тоа е достоен за почит. Владата на Бугарија покажа силно лидерство во регионот за евроинтеграциите на Западен Балкан. Убеден сум дека граѓаните од сите шест земји високо ќе ги оценат напорите на Бугарија, вклучувајќи ги и премиерите и претседателите, кои беа тука денес. Затоа што е достоен за почит и фактот што Бугарија им посветува сериозно внимание на своите соседи и пријатели, рече Заев. Знаете, Бојко Борисов е практичен човек, сака да зборува за конкретни работи – проекти и пари. Сево ова, се разбира, зависи од тоа колку е подготвен регионот, објасни Заев. Тој истакна дека Република Македонија е подготвена со своите проекти. Ние му даваме приоритет на Коридорот бр. 8 и ги користиме средствата на Европската банка за делницата Крива Паланка до бугарската граница и за тоа добивме 70 милиони грант. Ние веќе зборуваме со ЕБОР за да ја добиеме следната транша за да ги поврземе Софија и Скопје со железница, буквално до Црното Море. Ние работиме и за делот Кичево во Лин, Албанија, која практично ќе го поврзе Јадранското Море со Црното Море. Целта е да се отвори целиот регион. Да им даде сериозни изгледи на граѓаните на Бугарија, Македонија, Албанија, се разбира, на Косово, Србија и Грција, на целиот овој регион, истакна македонскиот премиер.

Зборувавме и за оптичката инфраструктура, имаме подготвена документација и за гасните врски преку Струмица и Гевгелија, кое е дел од договорот кој го потпишавме со Бугарија. Знаете, во март, април очекуваме намалување на цените за роаминг меѓу Бугарија и Македонија. На мене ми е особено пријатно за тоа дека денес донесовме важни одлуки, од кои гледаме дека се даваат сериозни изгледи за Балканот, за полноправно членство во ЕУ. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер најави две важни одлуки – да има сериозни фондови за Балканот, за да има подобра поврзаност во регионот и целата инфраструктура воопшто. Постои поддршка за Дигиталната програма. Самиот Јункер изјави дека досега бил пријател, а сега е оддаден на Балканот и потврден пријател на Балканот. Ние ќе продолжиме да работиме со ЕУ, за да докажеме дека Балканот е едно убаво место и дека може да дадеме многу работи и на европското семејство и дека нема причина да се плашат од Балканот, бидејќи ние веруваме во европските вредности и ние можеме да бидеме нивниот добар партнер, категоричен е Заев.

Во однос на преговорите за името на Македонија, Заев рече дека тоа трае веќе 25 години. „Тоа не е лесно прашање, ако беше лесно, досега некој ќе го решеше. Верувам дека сега имаме најголема шанса за решавање на ова прашање. Позитивниот став на премиерот Ципрас, како и на лидерите на опозицијата и на останатите политички играчи, покажуваат дека имаат желба да се реши ова прашање, тоа ми дава причина да верувам дека ќе дојдеме до решение. Јас сум убеден дека за доброто на граѓаните и на Грција и на Македонија ова прашање треба да се реши. Јас очекувам тоа да се случи пред самитот на ЕУ во јуни, кога очекуваме да добиеме датум за почеток на преговори и очекувам дотогаш проблемот да биде решен. Тоа не значи дека не може да го решиме и во март – колку порано, толку подобро, истакна Заев.

Добар пример во таа насока се односите помеѓу Бугарија и Македонија во последните 7 месеци. Трговијата се зголеми за 12%. Погледнете колку проекти има меѓу двете земји. Имаме соработка меѓу министерствата за одбрана и за внатрешни работи во борбата против тероризмот, како и во безбедноста. Се надевам такви да бидат нашите односи и со Грција, рече Заев.

Нема да навлегувам во детали во однос на преговорите за името, во секој случај треба да биде избрана позиција, која ќе го потврди фактот дека Република Македонија е еден дел од историска Македонија – при тоа северниот, горниот дел на оваа историска Македонија и се надевам дека секој ќе ги почитува достоинството и идентитетот на овие факти, и задно со тоа ќе го задржи достоинството и идентитетот на своите соседи, во името на идното партнерство, рече Зоран Заев.

Слични Објави