| |

В. Алкснис: Ако Путин остане на власт, агонијата на Русија ќе продолжи и таа може да исчезне од политичката карта на светот

Виктор Алкснис, е полковник во пензија и веќе три мандати пратеник од Државната дума на Руската Федерација.

– Господине Алкснис, како ја оценувате моменталната состојба на општеството и позициите на политичките сили?

– Мислам дека Русија се наоѓа пред прагот на сериозни искушенија и големи потреси. Причината за тоа е актуелното раководство земјата. Тие одлучија дека во Русија не живее народ, а население што никаде не може да избега. Власта мисли дека ако им фрли на луѓето трошки од нафтената трпеза, сè ќе биде нормално и стабилно. Но на луѓето освен стабилност им е потребна и слободата да ја избираат власта и слободата да имаат барања од оваа власт. Токму на ова тло дојде до антагонизам меѓу власта и општеството, што на крајот ги натера луѓето да излезат на улица. Но, сепак, власта не ја научи лекцијата.

-Дали мислите така?

– Се разбира, ако зборуваме за вистински демократски избори, тогаш судбината на власта се решава од изборните кутии. Но власта не го сака, се плаши. Се плаши дека луѓето имаат свој став.

Кој што сака да зборува, но “Единствена Русија” ги изгуби парламентарните избори, а претседателските избори се пред нас. И се прашувам на што ќе се одлучи власта, за да го обезбеди “слободниот избор на народот”.

Се што се презема од Кремљ во моментов води до целосната блокада на повеќепартискиот систем. Во Русија е речиси невозможно да создадеш и регистрираш партија.

– Голем дел од луѓето кои излегоа на улица против режимот против корупцијата и “за” опозицијата, се далеку од политиката. Тие протестираа поради тоа што “им дојде преку глава”. Но, на крајот, од чија страна ќе застанат? Дали либералните политичари можат да го привлечат овој дел општеството?

– Јас лично сметам дека луѓе како Чубајс и Гајдар дискредитира либералните идеи во Русија.
Освен тоа Кремљ во последните години ја „отрови“целата политичка атмосфера, исклучувајќи ја можноста за појава на нови политичари, нови политички лидери. Навални е исклучок од оваа слика, иако, според мене, тој е второто издание на либералите од 90-тите. Тој ги следи идеите на Егор Гајдар, но мислам дека е збунет, а ние нема да можеме да преживееме уште една шок-терапија.

– Што мислите, дали Путин ќе победи во првиот или во вториот круг на изборите?

– Ако изборите се фер (иако оваа можност треба целосно да ја исклучиме), тогаш победата на Путин би била доведена во прашање.

– Да, но се зборува дека заменик-шефот на претседателската администрација наредил, да не се дозволи втор круг?

– Во Кремљ, прекрасно разбираат дека ако по претседателските избори се појават исто толку обвиненија за фалсификување на резултатите, како што се случи по парламентарните избори, тоа ќе го поткопа легитимитетот на Путин. Покрај тоа, тој не може да победи со резултат од 60-70%, а на него му е потребна легитимна победа. Во случај на фалсификување на изборите, неговата победа нема да биде признаена ниту од руското општество, ниту од Западот. Јас, на пример, сум убеден дека неговиот рејтинг сега не надминува 30, максимум 40%.

– Најновиот рејтинг е над 60 проценти …

– Дали се сеќавате на прогнозите на државниот ВЦИОМ (Руски центар за истражување на јавното мислење) по повод изборите за Државната дума: 60% за “Единствена Русија”. А таа, дури и на оние тешко фалсификувани избори, доби малку над 49%. Со голем напор, успеаја да ја “победат” оваа бројка. Односно, реално, “Единствена Русија” добила некаде околу 30%, а речиси 20 се “додадени” потоа.

Јас гласам во еден од реоните на Москва. Кај нас “Единствена Русија” доби само 29%. Раководството на партијата во тој реон доби сериозни казни. Тие сега почнаа итна поправка на ситуацијата, за да не дозволат таков неуспех и на претседателските избори.

– Како?

Еве што измислиле тие. Кај нас има многу секции во кои на парламентарните избори победи КПФР. И сега администрацијата едноставно ги затвора овие секции, а гласачите се праќаат во секции кои се на 5 километри од нивниот дом. Логиката е јасна: кој ќе оди на 5 километри за да гласа. Сметката е дека овие луѓе едноставно нема да одат да гласаат и ќе има можност за полнење на кутии.

Се поставува прашањето, ако тие тврдат дека се за фер избори, зошто веднаш започнаа со манипулациите? Нели на сите им е јасно дека затворањето на секции не е едноставна работа и сигурно се прави низ цела Русија. Да, во Кремљ седат “паметни” луѓе: тие измислиле како да ја обезбедат победата на Путин уште во првиот круг. Тоа е така бидејќи ако Путин не победи во првиот круг, тие ќе имаат проблеми.

– Дали ги гледате кандидатите како вистински противници на Путин? Кој би можел да биде навистина силна конкуренција?

– Никој од регистрираните. Работата е во тоа што за да има вистинска конкуренција треба кандидатите да бидат сосема други.

– За кого тогаш да гласаме?

– Со жалење морам да кажам дека меѓу кандидатите во оваа кампања нема ниту еден кој би можел да биде, како да кажам, “народен кандидат”. Не е тајна дека во 2003 година луѓето всушност гласаа за Путин и тој ја уживаше поддршката на мнозинството од населението. Така беше во 1991 година кога луѓето го поддржаа Елцин. Сега не постои такво нешто.

– А што не чека по изборите? По каков пат ќе тргне земјата, како имаме предвид засилувањето на нестабилноста во светот?

– Ако Путин остане на власт, тоа ќе биде продолжение на бавната агонија, која може да заврши со уништувањето на земјата. Ќе продолжи деградацијата во сите сфери. Но, тоа би значело дека Русија е осудена да исчезне од картата на светот.

Единствениот начин да се преживее е да се направи радикална промена на курсот. Русија конечно треба да го отфрли јаремот на нафтените богатства и да престане да биде само примарен додаток на развиените земји.

Една од причините поради кои се однесувам крајно негативно кон Путин е дека во последните десет години тој фактички ја започна деиндустриализацијата на Русија. Кога дојде на власт тој имаше можност да даде вистински поттик на развојот на економијата и индустријализацијата. Но, за жал, овие пари беа потрошени за купување на фудбалски тимови во Англија, јахти итн а земјата реално нема иднина.

Погледнете деградацијата е насекаде – во науката, во образованието, во медицината, во економијата. Власта цело време се преправа и тврди дека се е во ред. На мене ова ми личи на театар на апсурдот. Руските луѓе ја  чувствуваат оваа лага. Тие може да имаат различни политички убедувања, но ги обединува едно, тие повеќе не се согласуваат да бидат ѓубре.

Мнозинството од луѓето немаат одредени идеолошки предрасуди, но излегоа на улица, бидејќи се револтирани од начинот на кој власта постапува со нив .

Ако власта повторно почне да забранува и да прогонуваш мирните протести, тогаш ќе следат доста сериозни нешта … И, не дај Боже, власта да се осмели и да се обиде да користи насилство …

Интервју за весник „Свободнаја преса“



Слични Објави