СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ И МИЦКОСКИ НОСАТ САМО ЛАГИ И КОНФЛИКТИ

СДСМ покажува дека живее со и за граѓаните, дека ги слуша нивните потреби и дека е подготвен да се менува кон подобро, со цел да им служи уште подобро на граѓаните.

Донесените одлуки на синоќешната седница на Централниот одбор носат системски и суштински промени во партијата – одлуки кои ќе донесат забрзување на напредокот на земјата и подобри услови во општеството, за подобар живот на сите граѓани.

Сега, доаѓа време за уште нова голема иницијатива на СДСМ, целиот фокус го ставаме кон подобрување на животот на граѓаните.

Тоа е една од многуте, но и најсуштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е најголемата партија која секогаш носела и ќе носи најголеми одлуки за развојот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ не само што не носи одлуки во интерес на државата, туку нуди кофнликти, лаги и цврсто бранење на криминалците.

Христијан Мицкоски од безидејност дури и стана промотор на политиките и мерките на СДСМ.
Но, наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

Кога ќе понесе одговорност пред неговиот ментор од Будимпешта за тоа што не успеа да го спречи зачленувањето на нашата земја во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност пред граѓаните за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

На крајот, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна и очигледна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко навлезени во нивното криминално и режимско однесување, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.