Градските автобуси во Тетово денес ќе возат бесплатно во чест на празникот на албанското знаме
Јавното комунално претпријатие за јавен превоз во Тетово ги извести граѓаните дека превозот денес ќе биде бесплатен во чест на празникот на албанското знаме, објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА пренесува: „Автобусите на јавниот превоз денес, на 28 ноември ќе работат бесплатно за сите, што ќе ги користат. Да ги прославиме сите заедно празниците на Ноември во нашиот град“ – наведува ова комунално претпријатие во своето соопштение, објавено денес.
