ВО ВЕЛЕС ЈУБИЛЕЈНА ИЗЛОЖБА НА ВОЈКО ЈАНЕВСКИ
Во ликовниот салон во Велес денеска (16 октомври) во 19:30 часот ќе биде отворена јубилејната изложба на дела од академскиот сликар од Велес Војко Јаневски, која се организира по повод 50 години од неговото ликовно творештво …
На изложбата ќе бидат претставени дела од богатиот творечки опус на авторот, кој го одбележуваат и учествата на повеќе од 200 групни изложби и на 20 ликовни колонии во Македонија и во странство. Војко Јаневски во 1968 година завршил на вајарскиот отсек на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на проф. Вања Радауш. Од 1968 до 1970 бил соработник во мајсторската работилница на професор Радауш во Загреб.
Од 1969 до 1981 членувал во Хрватското друштво на ликовните уметници, а потоа во Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ). Добитник е на повеќе награди и признанија

