Бугарските светини во Истанбул ги инспирираат уметниците од Бугарија и Турција
Изложбениот салон на Бугарската егзархија во Истанбул деновиве е претворен во големо меѓународно уметничко студио, каде се среќаваат осум уметници од Бугарија и Турција. Нив ги собира ликовната колонија „Времето е во нас“ под покровителство на Генералниот конзулат на Бугарија во Истанбул и Фондацијата на Бугарската егзархија во турскиот град, јавува БНР.
„Тоа е традиција на нашите колонии, која ја започнавме пред седум години, да промовираме, низ очите на уметниците од различни земји, артефакти кои се дел од бугарската историја, кои се наши светилишта“, рече организаторот на настанот Павлина Копано, бугарска уметница која живее во Истанбул. Таа додаде дека во некои земји, вклучително и Турција, малку се знае за нив – „дека припаѓаат на бугарската заедница во Истанбул, која иако е мала по број, речиси невидлива во огромната метропола, игра важна улога во зачувувањето на бугарското културно историско наследство“.
За време на уметничката колонија, уметниците не само што создаваат уметнички дела, туку и воспоставуваат врски меѓу себе, основа за идни заеднички изведби. Насликаните слики ќе бидат претставени на изложба по повод Денот на народните будители.
