| |

Прекрасните дами од Destiny Quartet“ ја одушевија публиката во Филхармонија на РС Македонија

Публиката во преполната Голема сала на Филхармонијата на Република Северна Македонија синоќа стана сведок на уште еден концертен спектакл, неверојатно уникатен концертен настап со оригинално сценарио, впечатлива кореографија и впечатливи визуелни ефекти.

Брилјантниот настап на девојките од најпопуларниот гудачки квартет во регионот Destiny Quartet, претставен од MG Music PRODUCTION со поддршка на Бугарскиот Културно-Информативен Центар Скопје, ја осветли полната сала на Филхармонијата на РСМ со аранжмани на вечните музички теми како El Choclo, Tico-Tico, Miserlou-Flamenco, Ederlesi, Black Eyes, Ladybug, Scent of a Woman, Nah Neh Nah многу други.

Четирите дами, кои буквално пленеа со својата женственост, Гергана Алексиева и Венета Гудева на виолина, Александрина Митева на виола (Бугарија) и Маја Михајловска на чело (РС Македонија), со својата виртуозна изведба беа празник и за очите и за ушите, но и за душата.

Слични Објави