Министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев ќе учествува на состанокот на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина
Министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев ќе учествува на состанокот на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина, соопшти Министерството за одбрана, пренесува БТА.
На форумот што ќе се одржи утре во Рамштајн, Германија, ќе присуствува и началникот на одбраната на Бугарија, адмирал Емил Ефтимов.
На состанокот ќе учествуваат министри за одбрана, претставници на политичкото и военото раководство на земјите-членки на НАТО и на ЕУ и нивни сојузнички и партнерски земји. Домаќин на состанокот е американскиот министер за одбрана.
Во врска со ситуацијата во Украина, министерот за одбрана Тодор Тагарев за време на сослушувањето во парламентарната ресорна комисија минатата недела коментираше дека не е на повидок крај на војната и дека ќе има потреба да се продолжи помагањето на Украина.