СДСМ: ДАЛИ МИЦКОСКИ ОДРАБОТУВА ЗА КРИМИНАЛЦИТЕ?

/

СДСМ реагираше преку писмено соопштение, по полициската акција во која се апсат лица кои издавале документи на нарко босови од балнаските земји. Полициската акција е обелоденета откако вчера Мицкоски на брифинг со новинарите откри документи со кои тврди дека власта е поврзана со мафијата и им издава македонски патни исправи.

Од СДСМ со прашање:

-Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа? Очекуваме официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци, велат од СДСМ.



Претходна статија

МИЦКОСКИ ЗА ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА: ДА НЕ БЕВМЕ НИЕ НЕМАШЕ ДА СЕ РАЗБУДАТ ОД ЗИМСКИОТ СОН

Следна статија

БОРИСОВ ГО ПОВИКА СЛАВИ ТРИФОНОВ ДА СОСТАВИ ВЛАДА: ЌЕ ТИ ДАДАМ 10 ПРАТЕНИЦИ, САКАМ СТАБИЛНА ДРЖАВА

Најново од Вести