| |

ПОЧИНА ОВЧАРОТ ШТО БЕШЕ НОСЕН НЕКОЛКУ ЧАСА ДО ВОЗИЛОТО ЗА ИТНА ПОМОШ

Почина овчарот кој беше носен неколку часа од неговото бачило на импровизирана носилка до возилото за итна помош заради непристапниот терен. Веста е потврдена од Штипската болница, за телевизија Телма.

Сточарот преживеа мозочен удар, а за неговиот случај се разбра откако лекарот Павле Зафиров од кратовската Итна помош преку ФБ објави како неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Лекарот напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.



Слични Објави