СДСМ: НАЈПОЗИТИВНИОТ ИЗВЕШТАЈ Е ПРИЗНАНИЕ ЗА УСПЕХОТ НА РЕФОРМИТЕ НА ВЛАДАТА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ

//

Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ.

Значајниот економски раст,, зголемената минимална плата, имплементацијата и реформите во судството согласно меѓународните стандарди и практики, видливите резултати во борбата против корупцијата, реформата на безбедносните служби, транспарентноста во јавната администрација, слободата на говор и медиумите, се само дел од успесите кои се нотирани во најпозитивниот Извештај на Европската Комисија за нашата држава.

Извештајот на Европската Комисија е доказ за успешноста на политиките и реформските процеси на Владата предводена од СДСМ кои носат подобар живот за сите граѓани.

Република Северна Македонија е блескав пример во регионот за носење храбри и државотворни одлуки поради кои државата бележи прогрес и интеграции.



Остануваме посветени да продолжиме напред, по евроатлатнскиот пат.

Ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси, градиме европска држава која негува концепт на фер општество што нуди подеднаква шанса за сите, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Претходна статија

„ЧОСУН ИЛБО“: КИМ ЈОНГ-УН ПОГУБИЛ ПЕТМИНА ФУНКЦИОНЕРИ ПОРАДИ НЕУСПЕШНИОТ САМИТ СО ТРАМП

Следна статија

ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ“ ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

Најново од Вести