ВМРО-ДПМНЕ: ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НЕМА НИТУ ОВАА ГОДИНА

//

Датум за преговори нема во јуни, исто како што немаше и минатиот. Има само уште една голема лага на измамникот Зоран Заев.

Десеттата по ред позитивна препорака е добиена благодарение на продонесот на ВМРО ДПМНЕ.

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев е најнеспособна влада до сега.

Најголемото ветување кое го дадоа Заев и Димитров минатата година по потпишувањето на срамниот договор од Преспа остана неисполнето.

Годинешната препорака покажа дека минатата година Заев и Димитров заедно со владата ги излажаа граѓаните дека има датум за преговори на членство.



Реформи во клучните области немаше претходната година, а нема ни оваа година.

Извештај ги потенцира слабости во многу сектори. Слабости пред се врвот на корупцијата, состојбите во јавната администрација, состојбите во економијата и владеењето на правото.

Оваа влада на Заев и следната година во јуни нема да има датум за почеток на преговори. затоа што едноставно не ги бива и немаат капацитет да сработат.

Затоа решението е едно и едноставно оваа влада да си замине и да дојде влада способна и посветена, и конечно државата да започне преговори за членство во ЕУ, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ „ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ“ ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ

Следна статија

ИРАН ПОЧНА СОБИР ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕРУСАЛИМ

Најново од Вести