ПРИСТИГНАА НОВИТЕ УНИФОРМИ ЗА ПРИПАДНИЦИТЕ НА АРМ

Ветено, остварено. Дојдоа новите униформи, напиша на својот facebook профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Новите униформи, најави претходно Шекеринска, ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот.

„Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ“, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.