Иранците почнаа да се собираат низ целата земја за да го одбележат Денот на Ерусалим, а слични собири се очекуваат и на Блискиот Исток во време кога американската администрација се обидува да наметне мировен план за израелско-палестинскиот конфликт, објави АП.
Иран ги поддржува Палестинците на тој ден, а слични собири се одржуваат и во Ирак, Либан и во некои други земји во текот на светиот муслимански месец на пост Рамазан.
Иран не го признава Израел и ги поддржува движењата на Хамас во палестинскиот Појас Газа и Хезболах во Либан.
По повод мировниот план на САД, за јуни е планиран економски самит во Бахреин, но Палестинците велат дека нема да присуствуваат, додава АП.
Извор: Макфакс