|

Од ковид почина едногодишно дете од Домот во Битола

Едногодишно дете згрижено во Домот за доенчиња во Битола починало од ковид на 29 минатиот месец на Клиниката за адетски болести во Скопје, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

Според податоците добиени од Клиниката за детски болести, бебето неколку пати претходно било хоспитализирано на оваа Клиника поради компликации од неговите основни заболувања: остеохондродисплазија, епилепсија, хидроцефалус, малнутриција, дилатациона кардиомиопатија.

Детето во текот на ноември прво било хоспитализирано во болницата во Битола кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на ковид 19 и е упатено во Клиниката во Козле. Но, потоа со ниска кислородна сатурација од 64% , детето е префрлено на Клиниката за детски болести за понатамошен третман и  соодветно лекување. Таму било на механичка вентилација, и по пет дена починало, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



Слични Објави