|

Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната година 2021/2022 година

Министерството за труд социјална политика ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2021/2022 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во текот на мај во тековната календарска година и за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на јули во тековната календарска година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири еднакви износи од 2.142 денара на корисникот на правото на додаток за образование за дете во основно образование, а од 3.060 дeнари на корисникот на правото на додатокот за образование за дете во средно образование, и тоа по завршување на секој од мерните периоди утврдени со овој закон.

Годишниот износ на додатокот за образование за основно образование во учебната година од дете изнесува 8.568 денари, а за средно образование во учебната година од дете изнесува 12.240 дeнари.

Слични Објави