| |

Во Музејот на еврејскиот народ во Тел Авив беше одбележена 130-та годишнина од раѓањето на Димитар Пешев

Во Музејот на еврејскиот народ во Тел Авив, Израел вчера беше прославена 130-та годишнина од раѓањето на Димитар Пешев, праведник на народите во светот, заменик-претседател на 25-то Народно собрание на Бугарија, информираат од бугарската амбасада во Израел преку нивната фејсбук страница, пренесува Радио Бугарија.

За време на свеченоста се прикажал документарен филм посветен на животот и делото на Димитар Пешев, а потоа следела трибина со учество на доц. д-р Ангел Џонев, директор на Куќата-музеј на Димитар Пешев, Ќустендил; д-р Ангел Чорапчиев од Јад Вашем и Рут Коен-Дар од Министерство за надворешни работи на Израел.

Слични Објави