|

Одбележуваме 121 година од смртта на војводата Димитар Гуштанов

На 4-ти мај 1903 г. во село Баница во борба со турскиот аскер загинува војводата на ВМОРО ДИМИТАР АТАНАСОВ ГУШТАНОВ. Роден е во демирхисарското (Валовишта) село Крушево 1876 г. Учи во Бугарското класно училиште во Сер и во богословското училиште во Самоков. Извесно време учителства во неврокопското село Старчишта. Покасно заминува за Лозана, каде што во 1898 г. завршува право. Истата година е учител во Кочани, а наредната година е назначен од Бугарската егзархија за главен учител на Бугарското класно училиште во Петрич. Уште во 1899 г. се присоединува кон ВМОРО и е избран за околиски раководител во Петрич, каде што во редица села се создадават комитети на организацијата. Во 1902 г. е назначен за директор на Бугарското педагошко училиште во Сер. Поради прогонствата на османските власти минува во нелегалност и се присоединува кон четата на Михаил Чаков. Како член на Серскиот револуционерен комитет е определен од Гоце Делчев за инспектор на четите на ВМОРО во Серскиот револуционерен округ. Од февруари 1903 г. е драмски војвода. Во март 1903 г. учествува во извршувањето на атентатот на тунелот и мостот на река Ангиста.

Д. Гуштанов загинува заедно со Гоце Делчев и неговите четници С. Страхинов, С. Захариев и Д. Паљанков. Гоце Делчев и Димитар Гуштанов се закопани во заеднички гроб.

“И денес серските и драмските ајдучки полјани си спомнуват за една нежна, мечтателна фигура, една чувствителна душа, во која што имаше многу бунтовен пламен, излеан не еднаш во искричавите погледи, во бурно красноречие, во темпераментна бунтовна проповед. Таа душа го носеше најчистиот идеализам на родното чувство, толку повозвишен, колку поскромен беше тој кој ја носеше.

И како да само тој можеше да почива едно до едно до најголемиот син на Македонија – Гоце. Делото на Д. Гуштанов наново воскреснува и ќе буди свест во младите поколенија на целокупниот Бугарски народ.“

ИЛУСТРАЦИЈА ИЛИНДЕН, Л. Томов

Слични Објави