| |

Стотици Бугари излегоа на демонстрации во Варна и Пловдив со поддршка за Украина

Мирни демонстрации во поддршка на Украина се одржаа денеска во Варна и Пловдив. Во центарот на Варна, стотици Бугари, Украинци, Руси и Белоруси кренаа плакати против агресијата на Владимир Путин и повикаа на мир и слобода за Украина.

Во Пловдив демонстрацијата беше организирана од украинско-бугарското друштво „Пловдив“. Во неа освен локални Бугари и Украинци зедоа учество бегалци од војната во Украина.

Слични демонстрации се очекува да бидат организирани денеска и во други два големи бугарски града- Бургас и Велико Трново.



Слични Објави