Софиската филхармонија ќе дебитира во салата Моцартеум во Салцбург
На 7 јуни Софиската филхармонија за првпат ќе настапи во Големата сала на Моцартеум — една од најпрестижните концертни сцени во Европа. Под диригентство на Најден Тодоров, оркестарот ќе изведе програма со дела од Карл Филип Емануел Бах и Волфганг Амадеус Моцарт, меѓу кои Концерт за флејта, Концерт за виолина бр. 1 и Симфонија бр. 40 во г-мол, јавува БГНЕС.
Основана во 1841 година, салата на Моцартеум е позната по својата исклучителна акустика и високите уметнички критериуми. Според музичарите, таа е „немилосрдна“ сцена што не ги прикрива грешките, но ги наградува прецизноста и јасната музичка мисла.
За маестро Тодоров ова не е прво појавување во Моцартеум, бидејќи таму диригирал и во претходни меѓународни ангажмани. „Да се биде на сцената на Моцартеум е одговорност и привилегија, бидејќи тоа е место со изградена музичка меморија и вековна историја“, изјави Тодоров.
Со овој настап Софиската филхармонија уште појасно го потврдува своето меѓународно присуство преку настапи на сцени со висока културна традиција и строги уметнички стандарди.
