Летен камп во Бугарија за ученици од Украина
Потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова, прими деветнаесет деца и нивните наставници од Украина во Салата со грбот во Претседателството, јавува Извршната агенција за Бугарите во странство.
Групата е во Бугарија на летен камп организиран од Извршната агенција за Бугарите во странство и Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ од Благоевград.

Г-ѓа Јотова им посака добредојде на учениците и се заблагодари на тимот на Југозападниот универзитет што иницираше ваков интересен формат на летен камп со помош на Агенцијата за Бугарите во странство, за да можат децата да го запознаат универзитетот и регионот во целина. По г-ѓа Јотова, благодарници упатија проф. д-р Николај Марин – ректор на Југозападниот универзитет. Учениците ѝ подарија рачно изработен подарок на г-ѓа Јотова.

По посетата на Претседателството, учениците ја посетија и Извршната агенција за Бугарите во странство на покана на директорката г-ѓа Рајна Манџукова, која имаше задоволство лично да ги запознае и да ги поздрави.
Според програмата на летниот камп, децата ќе ги посетат Рилскиот манастир, Рупите ќе отидат на екскурзија до Благоевград.
