КРИВИ СТЕ ВИЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ, НЕ СЕ ЛУЃЕТО!

//

После секоe променување на власта, доаѓа (старо)нова политичка партија која се „стреми и фокусира на остварување на ветеното пред граѓаните (за време на предизборните кампањи)“ за подобрување и јакнење на економијата, консолидација во изградбата за унапредување и модеризирање на здравството, подобрување на условите за живот во руралните средини,отварање на нови работни места, кампањи за инвестиции во земјоделието, сточарството, образованието… Склучувања на договори за соработка и трговија со развиените економски, стабилни европски и светски држави, со надежта да станеме член од најголемата конфедерација на независни држави во светот и Североатланската алијанса. И сето тоа со една цел за подобро утре во нашата татковина!
Вие досегашни политичари на македонското парче земја без разлика на која партија припаѓате, сте или бевте на власт, и вашето дејствувњае во развојот и „напредокот“ на оваа наша држава која во моментот незнам како да ја именувам, резултатите од вашата „работа“ се повеќе од јасни…

Вашиот вложен труд околу проектите за предизборните кампањи се воодушевувачки и за пофалба. Давате максимум од вас… За времето на организирањето на митинзи ја „разголувате“ душата пред граѓаните, го спуштате егото, допирате со манипулативни говори иако „сит на гладен не верува“, кажувајки дека знаете како е, имате осетено на ваша кожа, ветувате, се колнете одите по домови, делите паричен поткуп на беден примитивен начин, организирате превози за протестирање, ги броите луѓето пред тргнување како жигосана стока…

Сета тоа е една голема трагедија која трае многу години наназад а главните јунаци во оваа театарска претстава сте вие досегашни политичари, кои дел од вас не ни знаат зошто се сместени во тие удобни фотелји и својата титула ја имаат насочено во погрешна насока… „Знаеш кој сум јас?“ многу позната реченица откако ќе се згоите до степен кога ќе ви стане тесна и фотелјата која сте ја добиле од довербата на граѓаните… А граѓаните? е тоа е прашањето. Што е со народот во целата ова пролонгирана, монотона и долгогодишна театарска претстава во која само главните глумци „дотичните политичари (црвени или сини)“ се менуват откако ќе ги потрошат сите адути (се разбира за личен комфор), и без да има некаква разврска, крај во најава е веќе нова траго-комична драма во продолжение на истото со политички, правни, морални погледи и идеи што ги изразуваат „интересите“ на општеството.

„Драги“ политичари вие кои бевте и вие кои дојдовте на власт… Ги поткупивте сиромашните граѓани, им се заканувате на медиумите, телевизиите, печатниците… Се даваат изјави кои на вас ви се допаѓаат / одговараат. Се пишува само тоа што се „смее“. Спротивните ставови и мислења ги „бришете“ со закани. Полицијата, адвокатите, правниците, здравствените работници, администрацијата… целиот тој систем е под лупа на набљудување на владејачката толпа! Допревте дури и до малите фабрики, сточарите, земјоделците… Давате субвенции, вршите откуп само на вашите симпатизери. На луѓето им ги исправте мозоците ги преобразивте во себични,неморални, вообразени кукли на конци кои им ја наметнавте вашата лажна идеологија за подмукло и нечовечки да стигнете до вашите цели! Граѓаните веќе не знаат на кај да одат, во што да веруваат, што е правилно а што не, дали да излезат да протестираат за името на 40 степени пред Влада… А за тоа време вие и вашите семејства чекате на грчките граници за да посетите некоја плажа од нашиот јужен сосед… И оп во истото време… „Не барајте бугарско државјанство, ние сме антички Македонци, чувајте ја идеологијата и македонштината“… А дел од истите тие во удобните фотелји тајно „бркаат“ бугарски службеници и чекаат на бугарските шалтери…

За Тимјаник… Колку тажно… Луѓето излажани, и поради нивниот револт од вашите лаги на крајот испаднаа и нечовечни, нехумани, лоши… Тоа ти е исто кога ќе нападнеш исплашено повредено животно и кога ќе му се приближиш те напаѓа и не го избира правилниот начин за својата одбрана. ПАК СТЕ КРИВИ ВИЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ! НЕ СЕ ЛУЃЕТО. Граѓаните веќе се уморни од тие провидни лаги и ветувања. Дел од нив се иселуваат со надежта за подобра иднина за себе и децата а останатите… Останатите секој ден се заблагодаруваат на Бога што пак го дочекале утрото.



И во целата оваа ваша 24- часовна глума и игра вие интелектуалците, акдемците, образованите, културните и „морални“ политичари, имате се добро тактички измислено, обработено, секој следен ваш потег е длабоко анализиран, промислен од секој можен аспект, имате визија и за вашите 100 следни чекори под маската, играта за шах- мат… Но една ситница имате пропуштено… ГРАЃАНИТЕ ЈА ПРАВАТ ДРЖАВАТА! Овчар без овци не може да биде овчар! Затоа почнете добро да се грижите за вашето стадо бидејќи веќе со секој месец сѐ повеќе ви се намалува.

Автор: Александра Трнковска



Претходна статија

ПОРАНЕШЕН РОМАНСКИ МИНИСТЕР ДОБИ 3 ГОДИНИ ЗАТВОР

Следна статија

ЕРВАН ФУЕРЕ: МАКЕДОНИЈА НЕМА ТРАДИЦИЈА НА ЈАВНИ ДЕБАТИ

Најново од Истакнато

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи