Бугарски хирург специјалист за трансплантации со историска награда во САД
Бугарскиот хирург проф. д-р Иво Цветанов, го запиша своето име во историјата како прв носител на наградата ,,Енрико Бенедети” за трансплантации на Универзитетот во Илиноис. Убавата вест ја соопшти генералниот конзул на Бугарија во Чикаго , Светослав Станков, преку објава на социјалната мрежа Facebook.
Наградата на д-р Цветанов му беше врачена на блескава церемонија во Чикаго во присуството на првите луѓе на Универзитетот во Илиноис , претставници на бизнисот , професори во Универзитетот, лекари и студенти.
Проф. д-р Иво Цветанов е началник на Клиниката за трансплантации во Колеџот по медицина на Универзитетот во Илиноис и е еден од најдобрите специјалисти за трансплантации во светот.
Д-р Цветанов го завршил своето високо образование во 1992 година на Медицинскиот универзитет во Софија , специјализацијата ја добил во Петта градска болница во Софија а во 2002 година заминал за САД одејќи по остварувањето на својот сон да стане специјалист за трансплантација.
Во својот поздравен говор д-р Цветанов и обрна специјално внимание на Бугарија како негова татковина и место каде што добил прекрасно воспитание, образование и иднина.
Д-р Цветанов го отслужил својот воен рок во Националната гардиска единица на Бугарската армија. Факт со кој што се гордее и до денешен ден.
,, Му благодарам на д-р Цветанов што го сподели овој момент со нашата татковина и за поканата да бидам присутен на оваа историска церемонија” напиша генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков на социјалната мрежа Facebook.