ИНСТИТУТОТ „ХРИСТО УЗУНОВ“ СО ПОДДРШКА ЗА ЈАНИ БОЈАЏИ
Згрозени сме од државниот интервенционизам врз културата и македонското творештво, околу последниот филм,, Ругање со Христа” на режисерот Јане Бојаџи, филм кој се најде на критики од Министерството Министерство за култура / Ministria e Kulturës. Јавно ги прашуваме владините авторитети, дали цензурата на слободната мисла во творештвото доликува во ова време на демократија? Во времето на најтешкиот комунизам, во Македонија се снимаа филмови како Тетовирање, Среќна Нова 1949,филмови кои директно го напаѓаа репресивниот систем, па никој од тогашните режисери, актери, на тие филмови, не беше во таква пресија и опструкции како што тоа се случува сега, во демократска Македонија околу последниот филм на Јане Бојаџи. Она што треба да го прави државата во творештвото и во воздигнување на нашата култура е да ги стимулира творците а не да ги цензурира и врз нив да врши притисок.
Изразуваме јавна поддршка до режисерот Јане Бојаџи а на власта и порачуваме дека времето на цензура кое беше својствено во едно мрачно комунистичко минато, не и доликува на земја која е аспирант за ЕУ и НАТО и најостро ги осудуваме таквите акти!
#РугањеСоХриста
#ConservativeMK
#ИнститутХристоУзунов
