ЌЕ СЕ ОТСТРАНУВА ЛИНДАНОТ ОД „ОХИС“, ЧИСТЕЊЕТО ЌЕ ТРАЕ ОД ТРИ ДО ПЕТ ГОДИНИ
Владата најавува активно решавање на проблемот со отстранувањето на индустрискиот токсичен отпад „линдан“ којшто со години се наоѓа во две депонии во фабриката „Охис“ во Скопје.
Отстранувањето ќе трае од три до пет години, а која метода ќе се примени ќе зависи од собраните средства преку Фондот којшто денеска се формира во соработка со Канцеларијата за услуга на проекти на Обединетите нации – УНОПС и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
Пресметките се дека чистењето може да чини од 40-тина до 260 милиони евра, а ќе бидат опфатени и големата и малата депонија во „Охис“.
Извор: 1тв