Пожар во Тетово, гори поранешната фабрика Македонија табак

/

Пожар изби во поранешниот индустриски објект „Македонија Табак“ во Тетово. Според првичните информации, пожарот избил во магацинот на фабриката. Во околните населби е исклучена струјата како мерка на претпазливост. Пожарот е проширен брзо и ги зафаќа речиси сите објекти од фабриката. Се шири црн чад на небото,  огнената стихија е огромна, и се претпоставува дека гаснењето на пожарот ќе трае и неколку часа.

Извор: zoom.mk



Претходна статија

Тасевска: Предвремена исплата и на мајските пензии со дополнителни 1.000 денари како помош за пензионерите

Следна статија

ЕУ не постигна договор за ембаргото на руската нафта

Најново од Вести