„Од двете страни на границата“ – кампања за поддршка на добрососедството меѓу Бугарија и Република Македонија

//

„Ние сме едно – браќа и сестри, разделени од двете страни на границата“, велат организаторите од Фондацијата „Бугарска памет“.

Фондацијата „Бугарска памет“ започна нова социјално-информативна кампања насловена „Од двете страни на границата“. Иницијативата има за цел да го насочи вниманието на јавноста кон потребата од правилна и посветена државна политика во насока на добрососедството и пријателството меѓу земјите, за да покаже дека одамна е дојдено времето за дипломатија, сплотеност и пријателство меѓу братските земји, заради светлата иднина на младата генерација и заради заедничката историја, корени и култура.

„Оваа кампања е главно во корист на добрата иднина на младите од двете страни на границата, бидејќи тие се жртви на долгогодишните политички спорови меѓу Северна Македонија и Бугарија, останувајќи во средината на конфликт за кој, тие носат најмала вина. Не случајно голем дел од моите инвестиции одат конкретно за образованието на младите од двете земји. Со мојата фондација ги бараме сите начини да ги зближиме децата по европски модел: спорт, образование, култура, европска интеграција – сè! Одржуваме годишни семинари за обука на кои ги покануваме децата од Северна Македонија во Бугарија, со што даваме непристрасен поглед на тоа какви сме навистина, надвор од политичката пропаганда. Им ја покажуваме нашата љубов кон нив и им покажуваме дека можат да најдат почит и добар развој во Бугарија. Овие средби на децата од двете страни на границата се добра основа за подобрување на односите меѓу двете земји“, изјави д-р Врабевски, основач и претседател на Фондацијата „Бугарска памет“.

Во рамките на социјално-информативна кампања „Од двете страни на границата“, тимот на Фондацијата Бугарска памет ќе го претстави својот модел на работа во корист на подобрувањето на односите меѓу двете земји, но и ќе се обиде да одговори на неколку основни прашања:



Зошто толку години на Македонија и Бугарија им е сѐ потешко да најдат заеднички јазик? Чија е оваа „битка“ – на обичниот народ или на оние што се на власт? Што мислат едни за други обичните луѓе од Македонија и Бугарија?

Во рамките на кампањата, д-р Милен Врабевски го финансираше петдневниот престој во Бугарија на децата од Детското ликовно студио „Св. Св. Кирил и Методиј од градот Битола, кои се дружеа со со нивни врсници од регионот на планината Родопи. Програмата на групата вклучува посета на Копривштица и Софија, различни креативни активности, едукативни предавања и многу забава.

Како поддршка на кампањата, во среда младите ќе ги претстават своите цртежи пред пратениците во бугарскиот парламент. Темата на изложбата ќе биде „Од двете страни на границата“ и ќе има за цел да покаже какви треба да бидат односите меѓу двете земји низ очите на младите.

Тековни информации за кампањата може да се најдат на веб-страницата на Фондацијата „Бугарска памет“ – www.bgmf.eu

Претходна статија

Бесими: Спроведуваме постепена консолидација – буџетскиот дефицит во 2023 година понизок за 0,7 процентни поени

Следна статија

Агората на Филипополис- срцето на денешен Пловдив

Најново од Вести