ЕРВАН ФУЕРЕ: МАКЕДОНИЈА НЕМА ТРАДИЦИЈА НА ЈАВНИ ДЕБАТИ

//

По постигнатиот договор со Грција, сега е важно меѓународната заедница да ги препознае тие напори, а ЕУ да даде зелено светло и да отвори преговори за членство со Македонија, порачува поранешниот евроамбасадор во земјата Ерван Фуере во интервју за МИА.

Фуере смета дека по еуфоријата на поздравување, многу е важно да има кампања на информирање на јавноста за тоа што содржи договорот и зашто е добар за земјата. Таа дебата, според него, мора да ги инолвира сите сектори на општеството: академијата, медиумите, граѓанското општество на национално и локално ниво.

– Ова е сега витална обврска за македонската Влада, да ги насочи сите напори за да има вистинска дебата. Тоа ќе помогне да се одговори на стравовите што беа изразени за содржината на договорот. Во спортивно ќе се повтори она што се случуваше последните денови: насилство надвор од Собранието, а не рационална дебата каде сите мислења се искажани, вели Фуере.

Тој истакнува дека треба да се направи голем напор на најавениот референдум, луѓето да не гласат по партиска линија, туку да гласаат за заслугите на договорот.

– Ваков договор бара детална, транспарентна дебата во општеството, на секое ниво и проблемот е што Македонија ја нема таа традиција на јавна дебата, наведува Фуере.



Во контекст на договорот и евроинтеграцијата, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, вели дека добивањето зелено светло следната недела за почеток на преговорите за членство, ќе ги зајакне шансите на Владата да добие мнозинство на референдумот.

Извор: ТВ 21



Претходна статија

КРИВИ СТЕ ВИЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ, НЕ СЕ ЛУЃЕТО!

Следна статија

ИНСЕКТАРИУМ

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,