ИНСЕКТАРИУМ

//

Господине Шилегов не МОЖЕБИ, туку мора да прскате против комарци што побрзо. Градот врие од комарци, мушички и инсекти. Состојбата е неподнослива.
Го повлековте тендерот, зошто се сомневавте дека средството со кое се прска е штетно. И ви текна да го испитувате во јуни. А притоа јавната набавка е почната уште на 19 февруари. Ова е навистина несериозно.
И уште понесереизоно е тоа како прво избравте тендер, па отпосле почнавте да се сомневате и да согледувате што се избрале?
Во градот Скопје до крајот на годината треба да се прска пет пати, а ние уште го чекаме првото и дотогаш треба да се снаоѓаме како знаеме и умееме.
Господине Шилегов, Скопјани не Ве гласаа за да се борат со инсекти. Не ве избраа за да одгледуваат бубачки и комарци и да не можат да прошетаат низ парковите, оти се преполни со легла од комарци.
Да Ве потсетиме, Ваша обврска е да прскате навремено !
Сигурно знаете, ама ќе ве потсетиме и на тоа дека прскањето треба да почне во април, најдоцна треба да се испрска во почеток на мај.
И добро е да се испита што се прска, ама на тоа требаше да се сетите порано.

Автор: Димо Петкоски, секретар на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ



Претходна статија

ЕРВАН ФУЕРЕ: МАКЕДОНИЈА НЕМА ТРАДИЦИЈА НА ЈАВНИ ДЕБАТИ

Следна статија

ТЕРЕЗА МЕЈ СО ЧЕСТИТКА ЗА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА

Најново од Истакнато