| |

ПО РЕЧИСИ 30 ГОДИНИ НА ВЛАСТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КАЗАХСТАН НУРСУЛТАН НАЗАРБАЕВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Клучниот руски сојузник Нурсултан Назарбаев, долгогодишниот претседател на Казахстан, поднесе оставка по речиси 30 години на власт, пренесува РТ.

Назарбаев ја објави својата оставка во специјално обраќање до нацијата попладнево.

Назарбаев беше претседател на Казакстан 28 години, од воспоставувањето на функцијата на 24 април 1990 година.

Неговите должности сега ќе ги врши претседателот на Сенатот, Касим-Јомарт Токаев, од владејачката партија на Назарбаев „Нур Отан“, сé додека не биде избран новиот претседател.

Назарбаев беше во својот петти мандат кога поднесе оставка.

Извор: Макфакс



Слични Објави