ВО ПРИЛЕП ДЕНЕСКА ТРИ НОВИ СЛУЧАИ ОД КОВИД-19 И 8 ОЗДРАВЕНИ ЛИЦА

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус, а 8 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 46, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 45 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 336.