ПАПАТА ПОВИКА НА МОЛИТВА ЗА ЖРТВИТЕ ОД ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО БЕЈРУТ

Папата Франциско ги повика верниците да се молат за жртвите од стравотната експлозија во Бејрут, во која најмалку стотина луѓе го загубија животот, а повеќе од 4.000 беа повредени, како и за нивните семејства.

„Да се ​​молиме за жртвите и семејствата на жртвите од експлозијата во Бејрут. Исто така да се молиме за Либан со помош на социјална, политичка и верска посветеност да ги надмине овие крајно трагични и болни моменти“, напиша тој на својот профил на „Твитер“.

Трагедијата се случи кога околу 2.750 тони амониум нитрат складирани во пристаништето во Бејрут експлодира поради несоодветно складирање. Експлозијата предизвика голема материјална штета, а се почувствува на оддалеченост од 10 километри.

Извор: Макфакс