Извршен атентат врз претседателот на Колумбија
Претседателот на Колумбија, Иван Дуке Маркес потврди дека на хеликоптерот со кој летал со други официјални лица е извршен атентан, и дека леталото било погодено неколку пати.
Инцидентот се случил во петок додека хеликоптерот на претседателот летал низ колумбискиот регион Кататумбо кон Какута, главниот град на провинцијата Норте де Сантандер.
„Ова е очигледно дека е кукавички напад. Можат да се видат дупки на хеликоптерот“, нагласил претседателот.
Покрај него во хеликоптерот бил и министерот за одбрана Диего Молан, министерот за внатрешни работи Даниел Паласиос и гувернерот Силван Серан.
