|

Ева Натена, режисерка на филмот „Жена убиец“: Повеќето фемициди се случуваат денес, бидејќи синот расте и сега, со уверување – од неговиот татко – дека неговата сопруга му припаѓа нему

Ева Натена е грчка режисерка чиј филм „Жена убиец“/ Фониса ќе биде прикажан на затворањето на Фестивалот на грчки филм кој ќе се одржи во Скопје од 7-9 април во Кинотека на Северна Македонија и во Битола од 8-10 април во кино Манаки. Родена е на Крит. Студирала на Атинската школа за ликовни уметности, а работела како асистент на сценографот Дионисис Фотопулос, а потоа и со театарски и филмски режисери како Коста Гаврас и Пантелис Вулгарис. Трипати била наградувана со Државна награда за костимографија.

Во филмот се прикажани многу локални обичаи од периодот кога се случува приказната и кои биле имплементирани дури и во законот. Еден од нив е многу клучен за животот на жената. Тоа е законот за мираз. Со цел да се спречат тајните убијци на женски деца, законот за мираз во Грција беше укинат во 1983 година. Какво е вашето мислење за традиционалните вредности? Дали тие би можеле да помогнат во современото општество или претставуваат пречка во развојот на современиот човек?

-Миразот уште од античко време се даваше на жените (од нивните татковци), како придонес во бракот, бидејќи работниот дел на жената беше ограничен во домот, со воспитувањето на децата. Тоа го изискуваше тоа време, секако изградено со патријархални стандарди. Во златното доба на Перикле, во античка Атина, машките владетели решиле да го прераспределат миразот, бидејќи се покажало дека жените ги имаат главните имотни средства во свои раце и тоа не им ја обезбедуваше моќта и власта што секогаш ја посакувале, во тие воинствени општества во кои живееле. И тогаш почнаа лошите случувања. Пападијамантис ни зборува за случувањата од пред 120 години, во 1903 година, односно за „родителската помош“, односно миразот, дури и како психијатриски поим, кој во својата крајност, се објаснува и толкува со митот за Едип. Со други зборови, античките предци ни го кажуваат она што денес го потврдуваат стручњаците, дека ако детето не добие од родителите „родителска помош“, ментална и материјална – кога постои таа моќност, тоа создава некомплетна возрасна личност. Со други зборови, човек со дефицит, кој никогаш нема да биде покриен со ништо во неговиот подоцнежен живот, ќе биде тоа и кога ќе умре: нешто што не е дооформено од неговите родители. (Судбината и историјата не сакаат „случајно“ раката на Едип да се сврти кон неговиот татко, кој го одврати и го избрка, без „родителска помош“). Целиот овој дел за миразот, кој е овековечен на погрешна основа, Пападијамантис го толкува и психијатриски и покажува колку го обезвреднува човечкото битие и особено жената. Секако, нашата ера во која жената активно придонесува во семејните приходи, остави вакви нееднаквости во минатото, но не на сите нивоа. Повеќето фемициди се случуваат денес, бидејќи синот расте и сега, со уверување – од неговиот татко – дека неговата сопруга му припаѓа нему, како и нејзиниот мираз и ако таа ја посака нејзината слобода, тој ја убива. Ова е и денес лошиот резултат на патријархалното општество во кое живееме и што се објаснува со миразот.

Текстот Ева Натена, режисерка на филмот „Жена убиец“: Повеќето фемициди се случуваат денес, бидејќи синот расте и сега, со уверување – од неговиот татко – дека неговата сопруга му припаѓа нему е превземен од МАКФАКС.

Слични Објави