| |

ХРВАТСКИОТ САБОР ГО РАТИФИКУВАШЕ ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО

Хрватскиот Сабор денеска со 116 гласови „за“ и два „против“ го ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО.
Гласањето го следеше и делегација од Сверна Македонија. Претседателот на Саборот Гордан Јандроковиќ им честиташе за потврдувањето на Протоколот за влез во НАТО, најавувајќи дека Хрватска ќе продолжи да и дава поддршка на Северна Македонија и на патот кон членството во Европската Унија.

– И честитам на Република Северна Македонија за членството во НАТО и можам да ви кажам во име на застапниците кои ја поддржаа денешната одлука дека Република Хрватска ќе ви даде поддршка на патот кон ЕУ, порача Јандроковиќ.

Извор: Iportal.mk



Слични Објави