| |

ОД ВМРО-ДПМНЕ БАРААТ АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ДА ЈА ПРЕКИНАТ ЕПИДЕМИЈАТА ОД НЕПОТИЗАМ

Вчера ние како ВМРО-ДПМНЕ поднесовме барање за постапување до државната комисија за спречување корупција и во прилог доставивме список на 182-ца роднини во блиско крвно сродство кои се вработени во државната администрација и државните институции.

Очекуваме, разврска на овој најголем случај на непотизам во историјата на Република Македонија во најбрз можен рок и во најбрз можен рок антикорупционерите да ги санкционираат функционерите на СДСМ.

Дополнително, повикуваме уште еднаш, СДСМ да си погледне во редовите и уште веднаш да ги повика функционерите да си поднесат оставки, бидејќи тоа е чин на морал. Не е чин на морал еден член на семејството да си даде отказ на работа, а друг да не си даде.

На прсти може да се избројат роднините што си дадоа откази на работа, дали се 4-рица или 5-ца. Замислете само 4 или 5 луѓе од список со 182-ца си дале откази од работа од морални причини и само толку се одзвале на повикот на Заев да си дадат откази како што тие викаат морални причини, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави